август 4, 2026

СПРАВУВАЊЕ СО ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Во изминатиот период, волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Делчево, започнаа со акции за делење вода и едукативни флаери со совети за заштита и справување со топлотниот бран.

Со овие активности придонесуваме за подигнување на свеста и грижата за здравјето на граѓаните, потсетувајќи ги на важноста од редовна хидратација, избегнување директно изложување на сонце и почитување на препораките за заштита при високи температури.

Грижата за здравјето на секој граѓанин останува наш приоритет.

< врати се назад