СТРУКТУРА И ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Општинската организација е организирана на:

  • општинско ниво
  • основно ниво

Органи на  Општинската организација се:

– Тела со раководни функции:

  •           Собрание
  •           Раководен одбор
  •           Претседател и
  •           Потпретседател

– Тело со извршна функција:

  •           Секретар
ЦКРСМ Општинска организација Делчево делува на територија на Општина Делчево и Општина Македонска Каменица.

Во својата структурна поставеност ЦКРСМ Општинска организација Делчево има Собрание, како највисок орган на управување, Раководен одбор, Претседател, Потпретседател, Финансиска ко­ми­сија, Клуб на млади на Општинска организација Делчево и комисии како советодавни работни тела и Секретар.

Организирани се голем број активности од социјалната програма, здравственото воспитување и превентивата, првата помош, крводарителство, превенција на болести на срцево крвните садови, превенција на ракот, превенција на туберкулозата, превенција на зависностите, психолошка поддршка, грижата за бегалците и раселените лица, унапредување на крводарителството преку доброволност, анонимност и бесплатност, програма за подготвеност во услови на катастрофи и обука, а посебно внимание е посветувано за современа дисеминација и ширење на меѓународното хуманитарно право и активностите на Клуб на млади на Општинска организација Делчево, како и голем број други активности.

Воедно, ООЦК Делчево работи ги работи и социјалните услуги Помош и нега во домот за стари и изнемоштени лица над 65 години, и Лична асистенција за слепи лица и лица со потешка и најтешка телесна попреченост.

< врати се назад