јули 3, 2026

РЕДОВНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ

Денеска, во организација на ООЦК Делчево, во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица успешно се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец јули, на која беа собрани 21 крвнa единица.

Искрена благодарност до сите крводарители кои денеска го даруваа најскапоценото, како и до сите кои придонесоа оваа хумана акција да помине успешно.

Хуманоста не познава граници – таа живее таму каде што срцата се отворени

Дарувај крв, спаси нечиј живот!

< врати се назад