септември 3, 2026

РЕДОВНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СЕПТЕМВРИ

Денес, во просториите на Општинска организација на Црвен крст Делчево, се реализираше редовната крводарителска акција за месец септември. ❤️

Со хуманоста, солидарноста и несебичноста на нашите сограѓани, беа собрани 8️⃣7️⃣ крвни единици ❤️

Секоја дарувана единица крв значи можност за спасување човечки живот. Затоа, од срце им благодариме на сите крводарители кои и овој пат ја покажаа својата хуманост и се одѕваа на акцијата. 🙏❤️

Вашата крв е нечие утре. 🩸❤️

Бидете хумани. Дарувајте крв. Спасувајте животи. 🫶

< врати се назад