октомври 1, 2026

РЕДОВНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – ОКТОМВРИ

Денес, во просториите на Општинска организација на Црвен крст Делчево, се реализираше редовната крводарителска акција за месец октомври.

Со хуманоста, солидарноста и несебичноста на нашите сограѓани, беа собрани 7️⃣3️⃣ крвни единици ❤️

Воедно, во РЦ за ГР Исток Делчево беше реализирана уште една крводарителска акција наменета за вработените на МВР и ОВР Делчево, на истата крв даруваа 1️⃣6️⃣ крводарители.

Секоја дарувана единица крв значи можност за спасување човечки живот. Затоа, од срце им благодариме на сите крводарители кои и овој пат ја покажаа својата хуманост и се одѕваа на акцијата. 🙏❤️

Вашата крв е нечие утре. 🩸❤️

Бидете хумани. Дарувајте крв. Спасувајте животи!

< врати се назад