март 2, 2026

РЕАЛИЗИРАНА ТРЕТА ЦКА-ПХВ РАБОТИЛНИЦА ЗА 2026 ГОДИНА

Со многу енергија и позитивен дух, во петокот (27.02) успешно ја реализиравме третата ПХВ работилница во просториите на Општинска организација на Црвен крст Делчево.

Средбата помина во динамична и инспиративна атмосфера, исполнета со тимска работа, креативни идеи и активна вклученост на сите учесници. Младите волонтери покажаа зрелост, одговорност и искрена желба да придонесат за подобра заедница. Преку интерактивни активности и дискусии, чекор по чекор ги разработувавме нивните идеи и ги насочувавме кон конкретни иницијативи.

Ентузијазмот беше повеќе од очигледен – насмевките, мотивацијата и заедништвото создадоа чувство дека сме на вистинскиот пат.

Продолжуваме посветено, храбро и со многу возбуда кон следните предизвици во рамки на ПХВ 2026!

< врати се назад