јуни 11, 2026

ООЦК ДЕЛЧЕВО ОСВОИ ПРВО МЕСТО ВО ЦКА-ПХВ ПРОЕКТОТ ЗА 2026 ГОДИНА

Со огромна чест, гордост и неизмерна радост споделуваме дека оваа година, во ЦКА – ПХВ проектот, ООЦК Делчево го освои првото место.

Ова признание е резултaт на многу труд, посветеност, тимска работа, хуманост и желба да направиме вистинска промена во нашата заедница. Во текот на претходните неколу месеци реализиравме шест проекти, а секој од нив беше оценет со највисока оценка – сонце, што за нас претставува огромна потврда дека добрината, солидарноста и волонтерството навистина оставаат трага.

Еко проект реализиран во соработка со Општина Делчево, со цел создавање почиста и поздрава животна средина, уредување на паркови во Делчево

Проект во соработка со ОЈУДГ „Весели Цветови“ – Делчево, преку кој беше реновиран и разубавен влезот на установата, создавајќи поубав и побезбеден простор за најмладите.

Хуманитарна помош за петчлено семејство од Делчево.

Хуманитарна помош за тричлено семејство од Македонска Каменица.

Интеркултурен проект преку изработка на книга на три јазици, која зборива за различностите меѓу културите во нашата заедница, со цел запознавање, почитување и споредување на различните култури и традиции.

Проект за реновирање и уредување на просторија за младите волонтери од Општина Македонка Каменица, која припаѓа на сите кои беа дел од нашата приказна – на волонтерите кои несебично го вложија своето време и енергија, на институциите, организациите, компаниите и поединците кои ни дадоа поддршка, како и на сите хумани луѓе кои веруваа во нашата мисија.

Од срце им благодариме на Општина Делчево, Општина Македонска Каменица, Алпин Ком ДОО, ОЈУДГ „Весели Цветови“, и сите донатори, поддржувачи, партнери и пријатели кои помогнаа овие идеи да станат реалност.

Ова признание е мотив да продолжиме уште посилно, уште похрабро и уште похумано. Заедно покажавме дека малите дела направени со големо срце можат да донесат големи промени.

Благодариме на сите што бевте дел од ова патување. Ова прво место е наша заедничка победа!

Во прилог е линк од facebook објава во која може да ги видите кратките видеа за секој од проектите: https://www.facebook.com/share/v/1EHRQRCdTv/

< врати се назад