април 2, 2026

ОДВЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА АУТИЗАМ

Денес, во ООУ „Ванчо Прке“ Делчево, се одржа едукативен настан по повод 2 Април – Светскиот ден на аутизмот, со учениците од 8мо и 9то одделение.

Целта на настанот беше подигнување на свеста, поттикнување на разбирањето и развивање на емпатија кај младите, како и промовирање на инклузијата и прифаќањето на лицата со аутизам.

Во рамки на настанот, учениците имаа можност да слушнат корисни и инспиративни излагања од:

🗣️ Александра Гошевска, психолог, која зборуваше за значењето на разбирањето кај младите

🗣️ Љупка Калаџиска, педијатар, која се осврна на аутизмот како невролошко нарушување, како и на важноста од раната грижа и навременото препознавање

Преку ваквите активности, продолжуваме да градиме свесно и хумано општество, каде различностите се прифаќаат и почитуваат.

💙 Да разбереме

💙 Да поддржиме

💙 Да прифатиме

< врати се назад