август 7, 2026

НОВО КАТЧЕ ЗА МЛАДИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

🎉 Со голема радост вчера, 06.08.2026 година свечено беше отворена новата просторија наменета за младите волонтери на Црвениот крст во Македонска Каменица.

Просторијата е уредена во рамките на ЦКА–ПХВ Програмата 2026, со средства обезбедени од активностите што ги реализираа самите млади волонтери. Со многу труд, посветеност и тимска работа, тие самостојно го уредија просторот, создавајќи место каде што ќе можат непречено да ги планираат и реализираат своите хуманитарни, едукативни и волонтерски активности.

На свеченото отворање присуствуваа градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, претставници и соработници од институциите во Општина Македонска Каменица, како и волонтери од Македонска Каменица.

По отворањето беше одржана работна средба, на која се разговараше за понатамошниот развој на волонтерството и за идните активности на Црвениот крст во локалната заедница.

Оваа просторија претставува симбол на младинската иницијатива, хуманоста и заедничката работа, а ќе биде ново место каде што ќе се раѓаат идеи, ќе се реализираат проекти и ќе се создаваат нови волонтерски приказни. ❤️🤍

< врати се назад