
март 3, 2026
МАРТИНКИТЕ НОСАТ РАДОСТ И ТРАДИЦИЈА

Со многу љубов и креативност, волонтерите при ООЦК Делчево изработија над 150 мартинки, кои изминативе денови беа подарени на сограѓаните во Делчево и Македонска Каменица.

Со овој мал, но значаен гест, споделивме насмевки, топлина и ја продолживме убавата традиција на пречекување на месец март – симбол на нов почеток, здравје и среќа.

Благодарност до сите волонтери кои со својата посветеност уште еднаш покажаа дека малите дела создаваат големи радости ![]()













































