
јуни 5, 2026
ЈУНСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА 2026, ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Денеска, во организација на ООЦК Делчево, во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица успешно се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец јуни, на која беа собрани 37 крвни единици.

Воедно се реализираше и крводарителска акција во РЦ за ГР Исток, и на истата крв даруваа 11 лица

Искрена благодарност до сите крводарители кои денеска го даруваа најскапоценото, како и до сите кои придонесоа оваа хумана акција да помине успешно.

Хуманоста не познава граници – таа живее таму каде што срцата се отворени

Дарувај крв, спаси нечиј живот!


















































