
ГРИЖАТА ЗА НАЈВОЗРАСНИТЕ Е ГРИЖА ЗА НАШАТА ЗАЕДНИЦА
По повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, Општинската организација на Црвениот крст – Делчево, во соработка со Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, организираше предавање во просториите на Здружението на пензионери.

На тема „Возрасните лица прашуваат, доктор Тони Георгиевски одговара“, присутните имаа можност да постават прашања, да разговараат за различни здравствени теми и да добијат корисни совети и информации од доктор Тони Георгиевски.

По предавањето, од страна на стручни лица, за членовите на Здружението беше организирано и мерење на крвниот притисок и шеќерот во крвта, како дел од активностите насочени кон подигнување на свеста за значењето на редовната грижа за здравјето.

Со ваквите активности продолжуваме да придонесуваме кон создавање заедница во која старите лица се почитувани, слушнати и поддржани, а нивното здравје и благосостојба се наш заеднички приоритет.

Црвениот крст – секогаш блиску до луѓето и нивните потреби.















































