септември 28, 2026

30 ГОДИНИ ПХВ ЛОКАЛНО – 30 ГОДИНИ ПРОМЕНА ПРЕКУ МЛАДИТЕ

ООЦК Делчево организираше свечен настан по повод Неделата на ПХВ, во рамките на одбележувањето на 30 години ПХВ на локално ниво, посветен на успешната реализација на ЦКА-ПХВ 2026.

Оваа година беше особено значајна за нашата организација. Младите од ООЦК Делчево реализираа 6 ПХВ проекти, а сите шест беа оценети со највисоката оценка – „СОНЦЕ“.

Овој исклучителен резултат придонесе ООЦК Делчево да го освои првото место на ЦКА-ПХВ 2026! 🏆

Во рамките на настанот беа одбележани постигнатите резултати и беа доделени благодарници на учесниците во ПХВ проектите, мини-менторите, ПХВ дисеминаторот, соработниците, партнерите и сите поддржувачи кои со својот придонес помогнаа идеите на младите да станат реалност.

Шест проекти, шест „сонца“, едно прво место – но зад овој успех стојат многу повеќе од награди и признанија. Стојат млади луѓе со идеи, волја, хуманост и желба да направат позитивна промена во својата заедница. ❤️

ПХВ уште еднаш покажа дека кога на младите ќе им се даде можност, доверба и поддршка, тие можат да создадат нешто навистина вредно.

Благодарност до сите кои беа дел од овогодинешната ПХВ приказна и кои заедно со нас ја создадоа оваа успешна година.

И затоа, нека остане пораката со која го завршивме свечениот настан:

❤️ „Хуманоста не се кажува – хуманоста се покажува со дела!“

30 години ПХВ локално – 30 години промена преку младите. ☀️❤️

#ЦКАПХВ2026#НеделаНаПХВ#30ГодиниПХВ#ПХВЛокално#ЦрвенКрстДелчево#МладиЗаМлади#Хуманост#Волонтерство#ШестСонца#ПрвоМесто

< врати се назад