
8 МАРТ – ДЕНОТ НА ЖЕНАТА
„Жената е сила, нежност и инспирација во едно. Денес го славиме нејзиниот ден.

Изминативе денови, 5 од групите учесници во ЦКА-ПХВ проектот за 2026 година беа активни во чест на 8 Март. Со мали знаци на внимание, насмевки и искрени пораки, тие успеаја да внесат радост и да им го разубават денот на многу жени во Делчево и Македонска Каменица.

Овој ден не е само симбол на цвеќе и подароци, туку потсетник за почитта, благодарноста и признанието кон сите жени кои секојдневно со својата сила, посветеност и љубов го прават светот поубаво место.

На сите жени кои инспирираат, создаваат и оставаат трага – ви посакуваме многу здравје, среќа и успех.

Среќен 8 Март – денот на силата, храброста и убавината на жената! ![]()
![]()

















































