септември 21, 2026

12 СЕПТЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ

По повод 12 септември – Светскиот ден на првата помош, под овогодишното мото „Прва помош и миграции“, во дворот на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица беше реализирана показна вежба.

Преку вежбата беше прикажано како навремената и правилна прва помош може да биде од особено значење во различни ситуации, вклучително и при движење и миграција на луѓето, каде пристапот до здравствена помош може да биде отежнат.

Со оваа активност се испрати порака дека првата помош е за сите, секаде и во секое време – знаење кое може да спаси живот и да даде надеж и сигурност тогаш кога е најпотребно. ❤️

Во продолжени линк од изјавата за настанот: https://www.facebook.com/share/p/1DpREgUP4N/

< врати се назад