октомври 24, 2025
ЗАЕДНИЧКА АКТИВНОСТ СО ГОЛЕМА НАСМЕВКА И ВКУСНИ РЕЗУЛТАТИ
Во рамки на проектот “Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост” поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, волонтерите од Клубот на млади при ООЦК Делчево заедно со корисниците на услугите од Дневниот центар во Делчево реализираа креативна работилница на тема “Учиме да готвиме”.

Во пријатна и дружељубива атмосфера беа подготвени вкусни чоколадни бомбици и проја, а денот помина во духот на соработка, радост и нови пријателства.
















































