
ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ ПО ПОВОД МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИ
Во рамки на активностите за промоција на здрави животни навики, обучени врснички едукатори од ООЦК Делчево денес, спроведоа врснички едукации на тема „Борба против зависности – дрога, алкохол, цигари“.

Едукациите беа реализирани за учениците од VIII одделение во
ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица
ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево
И за учениците од VIII и IX одделение во
ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево

Преку интерактивни вежби, дискусии и размена на искуства, учениците се запознаа со:
• ризиците од употреба на цигари, алкохол и други психоактивни супстанци
• како да препознаат притисок од врсници
• начини за донесување здрави и безбедни избори

Голема благодарност до сите ученици и наставници за активното учество и поддршката. Продолжуваме заедно да градиме заедница без зависности! ![]()














































