јануари 28, 2026

УЧИМЕ НИЗ ИГРА, РАСТЕМЕ НИЗ ПРАКТИКА

Во соработка со ЈЛБ „Илинден“ – Делчево се одржа едукативна работилница во Мултифункционалниот центар во Делчево. На работилницата учествуваа 23 дечиња со возраст над 7 години.

Преку краток цртан филм и интерактивен практичен дел, децата се запознаа со хуманата мисија на Црвениот крст и научија основни вештини од прва помош – вештачко дишење и изведување преврски.

Со многу љубопитност и ентузијазам, тие стекнаа знаења кои навистина можат да направат разлика.

< врати се назад