
јуни 13, 2025
РЕДОВНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Во просториите на Дом на културата во Мак.Каменица денес се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец јуни.

На денешната крводарителска акција беа собрани 29 крвни единици.

Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот!


