ноември 28, 2025

РАБОТИЛИЦА ЗА БОРБА ПРОТИВ НАСТИНКИ И ВИРУСИ ВО ОЈУДГ „ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ“ – ДЕЛЧЕВО

Денес во соработка со “ЗД Гоце Делчев – Делчево” реализиравме едукативна работилница со дечињата од групата 4–5 години, посветена на здравите навики и заштитата од настинки и вируси. Преку игра, разговор и практични активности, најмалите научија колку е важно миењето раце, правилното кивање и одржувањето на личната хигиена.

Малите „весели цветови“ со голем интерес учествуваа и покажаа дека здравите навики се учат од најмала возраст! 🌼💛

< врати се назад