јануари 2, 2025

ПРВА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ЗА НОВАТА 2025 ГОДИНА

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денес се реализираше првата(јануарска) редовна крводарителска акција предвидена за оваа година.

🩸На денешната крводарителска акција беа собрани 73 крвни единици.

💭Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот!

< врати се назад