
ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ОДГОВОР ПРИ ПОПЛАВИ СПРОВЕДЕНА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Општинската организација на Црвен крст Делчево денес учествуваше во показна вежба за институционален одговор при поплави, проследена со тестирање на новоинсталираниот систем за тревожење во Македонска Каменица.

Настанот се реализираше во организација на Општина Македонска Каменица.

Општинска организација на Црвен крст Делчево зеде учество со тим за ПП, тим за ПСП.

Воедно, на вежбата присуствуво зедоа и тим за одговор при катастрофи од централната канцеларија на ЦКРСМ.

Покрај ООЦК Делчево, во организирање на вежбата учество зедоа и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ПС Македонска Каменица, ИМП, ЈП „Камена Река“, ТППЕ и основното и средното училиште во Македонска Каменица.

