
март 28, 2025
ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА ДЕЦА И МЛАДИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Преку проектот ” Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост” поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, денес волонтерите од Клубот на млади заедно со корисниците од Дневниот центар реализираа работилница за изработка на магнети.
Изработката на магнетите е всушност алатка за продлабочување на креативноста како и вежбање на моториката и фините движења во дланката и рачниот зглоб.



