декември 31, 2025

ПОДЕЛЕНИ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

🎆Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, магијата на дарувањето ги исполни детските срца со радост.

Новогодишни пакетчиња им беа поделени на деца од семејства во социјален ризик, носејќи насмевки, надеж и празнична топлина.

🥰Оваа убава приказна е овозможена благодарение на хуман сограѓанин со големо срце, кој одбра да остане анонимен, но зад себе остави светлина и добрина. 🎁✨

Со вакви гестови ја шириме празничната радост и им подаруваме насмевка на најмладите.

Затоа што празниците се најубави кога радоста се споделува. 🎄💫

< врати се назад