
декември 19, 2025
ОДРЖАНИ ЕДУКАТИВНО – ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕДАВАЊА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
По препорака од Локалниот совет на Општина Делчево, ООЦК Делчево во соработка со МВР Делчево и ЈЗУ ЗД „Гоце Делчев“ – Делчево, изминатите денови реализирше едукативно- превентивни предавања за сите ученици од СОУ „Методи Митевски – Брицо” – Делчево, за учениците од шесто до осмо одделение во ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, и за учениците од подрачните училишта при „Св.Климент Охридски“ Делчево во с. Разловци, с. Тработивиште и с. Град.
Со цел подигнување на свеста и унапредување на превентивното делување, бевме активно вклучени во едукациите, насочени кон информирање и зајакнување на знаењата кај целната група.
















































