март 14, 2025

ОДБЕЛЕЖАНИ КАЛЕНДАРСКИ АКТИВНОСТИ

✅️Одбележани:

1.Недела на борба против срцевосадови заболувања

2. Недела на борба против рак

🗓Согласно календарот на традиционални активности во периодот од 21-28 февруари се одбележува недела на борба против срцевосадови заболувања, додека пак од 1-8 март се одбележува Недела на борба против рак, за таа цел Општинската Организација на Крвен крст Делчево во соработка со Здружение на пензионери, одржа две едукативни предавања предвидени за пензионерите.

👉Предавањето за борба против срцевосадови заболувања беше одржано од страна на специјалист интернист Тонкица Петровска од ЗД “Гоце Делчев” – Делчево

👉Предавањето за борба против рак беше одржано од страна на Д-р Виолета Арсова, која воедно е и претседател на Здружението на пензионери

< врати се назад