
ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛА НА ЗАБОЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
![]()
По повод недела на забоздравствена заштита, која се одбележува во периодот од 15 до 21 декември

Општинската организација на Црвен крст Делчево, во соработка со др – Симон Наџенски

во општина Делчево и др-Ленче Митревска Доневска за во општина Македонска Каменица во детските градинки ОЈУГД „Весели Цветови“ – Делчево и ЈОУДГ „Бамби“ – Македонска Каменица, спроведе едукативни предавања за дечињата од детските градинки на возраст од 4 до 6 години.

Преку едукативни и интерактивни предавања имаа можност да се запознаат со правилно миење на запчињата, правилна исхрана за здрави заби, важноста на миењето заби и важноста на контролата кај забар.

Овие активности придонесуваат кон градење здрави навики уште од најмала возраст и поттикнување на свесноста за важноста на здравствената заштита кај најмалите.
















































