
ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА ВО ДЕЛЧЕВО
По повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, во просториите на Здружението на пензионери Делчево беше организиран настан посветен на здравјето и поддршката на нашите највозрасни сограѓани.

На присутните пензионери им беше овозможено бесплатно мерење на крвен притисок, а д-р Тони Георгиевски – специјалист по интерна медицина одржа предавање на тема: „Најчести болести кај возрасните лица – превенција, рано препознавање и заштита“.

Во текот на предавањето беа споделени и корисни совети за правилна исхрана, значењето на физичката активност и вниманието кое треба да се посвети на секојдневните навики – со цел да се намали ризикот од болести и да се подобри квалитетот на живот.


Од страна на координаторите на соц. услуги Помош и нега во Домот за стари и изнемоштени лица и Лична асистенција беа споделени информации за услугите кои ги испорачува ООЦК Делчево, воедно и можноста и начинот за остварување на истите.

Настанот испрати порака дека:
„Грижата за старите лица е грижа за нашата иднина – тие заслужуваат здравје, почит и достоинствено секојдневие.“

Честит Меѓународен ден на старите лица – нека секој ден биде исполнет со внимание, топлина и здравје!











































