
декември 5, 2025
ОДБЕЛЕЖАН 5 ДЕКЕМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРИТЕ
Денес ООЦК Делчево го одбележа Светскиот ден на волонтерите со посебен настан исполнет со благодарност, мотивација и признание. Во духот на хуманоста, на нашите најпосветени волонтери и крводарители им беа доделени благодарници и признанија за нивната несебична поддршка и континуиран придонес.

Ви благодариме на сите кои го даруваат највредното – своето време, енергија и срце за да спасуваат животи и да создаваат посилна, похумана заедница. Вашата посветеност е нашата најголема сила.

Заедно продолжуваме да правиме добри дела!














































