септември 26, 2025

ОБЕДИНЕТИ ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Целта на овој проект беше подобрување на условите за животот на млад брачен пар(сопругата трудна) од ромска националност. Младинците за реализирање на целта ги организираа следните активности: акција на градскиот пазар каде што подаруваа рачно изработени украси, хартиени срца, цвеќиња и собираа донации од минувачите, филмска вечер во просториите на ООЦК каде што присуствуваа децата од петто до деветто одделение од основните училишта, акција за подготовка на домашни колачиња и нивна продажба пред големиот градски маркет, кога добија и донации од мебел. Потоа младинците набавија материјали за варосување и ја варосаа собата во која што живее парот. На крај купија фрижидер, греалка, шпорет и храна за во фрижидерот и ги доставија до фамилијата

< врати се назад