
ноември 6, 2025
НОЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА
Успешно реализирана редовна крводарителска акција за месец Ноември со вкупно 78 крвни единици, кои ќе значат нова надеж и спас за многу животи!

Денеска во просториите на ООЦК Делчево се одржа ноемвриска крводарителска акција, на која хуманоста уште еднаш победи.

Голема благодарност до сите доброволни крводарители кои со својата хуманост и денес покажаа дека дарувањето крв е дарување живот.
Дарувај крв – спаси нечиј живот!












































