ноември 14, 2024

НОЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Делчево денес се реализира претпоследната крводарителска акција предвидена за оваа година во нашата општина.

На денешната крводарителска акција беа собрани 75 крвни единици.

Благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и придонесоа за спасување на нечиј живот!

< врати се назад