
ноември 3, 2024
НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИ
Согласно календарот на традиционални активности месец Ноември е посветен на борба против болести на зависности. За таа цел ООЦК Делчево во соработка со П.С. Делчево спроведе едукативно предавање во ООУ “Ванчо Прке” Делчево под мотото “Едуцирај се и донеси одлука”.

Од страна на дипломиран правник Сања Николовска и помошник командир за јавен ред и мир и превенција Марија Аџиска на учениците од осмо и деветто одделение им беше одржано едукативно предавање за превенција и борба против зависности од дрога, алхохол и цигари и како зависностите деструктивно влијаат врз целокупниот развој на личноста и нејзиното однесување во општеството.
