ноември 24, 2025

НЕФОРМАЛНА ДРУЖБА ЗА ВОЛОНТЕРИ ОД КЛУБОТ НА МЛАДИ

Овој викенд го посветивме на дружење, запознавање и зајакнување на тимскиот дух меѓу нашите млади волонтери, воедно и запознавање со новите волонтери. Преку неформални активности, игри и разговори создадовме нови пријателства, споделивме идеи и ја потврдивме најважната лекција – дека заедно сме посилни.

Волонтерството не е само помош, туку и заедништво, поддршка и позитивна енергија. Благодарност до сите волонтери кои со својата креативност и ентузијазам ја направија оваа дружба незаборавна. Продолжуваме да градиме силен, активен и сплотен тим!

+

< врати се назад