
октомври 13, 2025
НЕДЕЛА НА МЛАДИ (1-7 ОКТОМВРИ)
По повод одбележувањето на Неделата на млади, Општинската организација на Црвен крст Делчево спроведе отворени денови во

ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево и

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, каде воедно обучен дисеминатор одржа општа дисеминација за визијата и мисијата на Црвен крст.

Под мотото „Биди промената што сакаш да ја видиш“, младите имаа можност да се запознаат со работата, активностите и вредностите на Црвениот крст, како и со начини на кои можат и самите да придонесат во заедницата.

Преку едукација, волонтерство и младински ангажман – градиме подобра и похумана иднина!

#НеделаНаМлади#ЦрвенКрстДелчево#БидиПромената#МладиЗаМлади#Волонтерство#Хуманост#ЦКмлади















































