ноември 24, 2025

НЕДЕЛА НА ГЛАДТА 16-22 ОКТОМВРИ

По повод Недела на борба против гладта, 16-22 октомври, ООЦК Делчево организираше голема собирна акција за поддршка на социјално загрозени семејства на територија на Делчево и Македонска Каменица под мотото “Помислете и на нас!”.

Во основните и средните училишта, исто така и во градинките во двете општини беа спроведени собирни акции за храна.

Во времетраењето на акциите беше соберена огромна количина на храна од која, со голема посветеност и тимска работа на нашите волонтери, беа подготвени и дистрибуирани вкупно 120 пакети со храна – 70 пакети во Делчево и 50 пакети во Македонска Каменица.

Неделата на гладта е потсетник дека хуманоста не е само чин, туку одговорност што сите ја носиме.

Голема благодарност до сите волонтери кои со својата енергија, срце и пожртвуваност овозможија оваа акција да биде реализирана. Огромна благодарност и до сите ученици, наставници, родители кои донираа и допринесоа оваа активност да биде успешна.

Благодарност до училиштата и градинките и до ЈУ МЦСР Делчево за соработката.

Заедно покажавме дека кога се сплотуваме – никој не останува сам. ❤️

Ojudg Veseli Cvetovi Delcevo

Detska Gradinka Bambi Kamenica

ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

ООУ „Ванчо Прке“-Делчево

„Св.Климент Охридски“ Делчево

– Гимназија Методи Митевски Брицо

СОУ ,,Миле Јаневски Џингар” -Македонска Каменица

< врати се назад