
септември 30, 2025
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗА
По повод одбележување на Неделата на туберкулоза (14-21 септември), во ООУ „Миле Јаневски – Џингар“ во Македонска Каменица се спроведе едукативно предавање за учениците од IX одделение.

Учениците имаа можност да се запознаат со важни информации за причините, симптомите, превенцијата и третманот на туберкулозата, со цел подигање на свеста за ова заразно заболување.

Со оваа активност се поттикнуваат младите да се грижат за своето здравје, но и да ја шират свеста за значењето на превенцијата во заедницата.












































