
октомври 13, 2025
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС
10-16 октомври – Недела на борба против дијабетес

По повод одбележувањето на неделата на борба против дијабетес, Општинската организација на Црвен крст Делчево спроведе активност за мерење на шеќер во крвта на пензионерите од Пензиското друштво Делчево.

Со оваа активност се подигна свеста за важноста од редовна контрола на здравјето, особено кај постарите лица, како и за превенцијата и раното откривање на дијабетесот.

Грижата за здравјето започнува со еден мал чекор – редовна проверка и здрави навики!












































