септември 26, 2025
МАЛИ РАЦЕ, НО ГОЛЕМИ СРЦА
Целта на проектот беше помош на 5 члено семејство, од кои 3 малолетни деца од Мак. Каменица, преку уредување на нивната куќа. Со помош на разни акции како проекција нa два филмови, хуманитарен фудбалски турнир, ликовен конкурс, за најубавото декоративно велигденско јајце, донација од црквата ” Успение на Пресвета Богородица”, градинката со најмалите, турнири во мал фудбал од Рудник Саса. Со собраните средства и со помош на донации, обезбедени се: петосед, масичка, плакар, висечки елемент за во кујна, фрижидер, поликолор, хигиенски средства облека и храна.











































