април 17, 2025

КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ВО ЧЕСТ НА ПРЕСТОЈНИОТ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН

Преку проектот ” Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост” поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, на ден 16.04.2025(среда) волонтерите од Клубот на млади заедно со корисниците од Дневниот центар во Делчево реализираа работилница за бојадисување и украсување велигденски јајца.

Оваа активност е алатка за продлабочување на креативноста како и вежбање на моториката и фините движења во дланката и рачниот зглоб.

< врати се назад