ноември 27, 2025

КРЕАТИВНА НОВОГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО

Во рамки на проектот поддржан од КБ, во Дневниот центар – Делчево реализиравме креативна работилница во која заедно со корисниците изработувавме новогодишни украси.

Нашите волонтери, со многу труд и внимание помагаа околу боењето, моделирањето и украсувањето на празничните фигури. Атмосферата беше полна со дружба, креативност и празничен дух, а заедничките моменти повторно покажаа колку е важна поддршката, инклузијата и човечноста.

Секој украс носи своја мала приказна – создаден со љубов, трпение и заедничка работа. 💙

Продолжуваме со активности кои ги поттикнуваат креативноста, социјалната интеракција и волонтеризмот во заедницата.

< врати се назад