
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ
Почитувани,
во тек е формирање на група за обука по Прва помош за правни субјекти, во која има уште неколку слободни места.
Законска обврска во рамки на Законот за безбедност и здравје при работа, на секоја јавна и приватна установа, компанија и организација, е поседување УВЕРЕНИЕ ЗА ПРВА ПОМОШ.
Доколку имате потреба од обучување вработени лица и стекнување Уверение,
обратете се во инбокс на оваа страница или во просториите на ОО Црвен крст Делчево од 08:00 до 16:00часот.
———————————————————————-
Во продолжение, детали од законската обврска и линк до целосниот Закон:
Член 24
(6) ,,На секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат ДО 20 вработени, најмалку еден од нив мора да биде оспособен и одреден за давање прва помош, за гасење пожар, евакуација и спасување, а над овој број НА СЕКОИ 20 вработени најмалку уште по еден’’.
Член 58
(1) ,,Глоба од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за непочитување на одредбите’’.
Целиот Закон е достапен на линков: https://www.pravdiko.mk/…/Zakon-za-bezbednost-i-zdravje…