
ЕВРОПСКИ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ
По повод 18 Октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, ОО Црвен крст Делчево, во соработка со РЦ за ГР – Исток, организираше три едукативни работилници на тема „Превенција од трговија со луѓе“.

Работилниците беа наменети за:
– Волонтери од Клубот на млади при ООЦК Делчево
– За учениците од прва година од СОУ „Миле Јаневски – Џингар“ и
– За учениците од деветто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица.

Работилниците беа спроведени од страна на инспектор Виолета Илиевска и Ненад Павловски, командир на ПС за ГН, Мак. Каменица како претставници од ПС и обучени врснички едукатори од Клубот на млади при ООЦК Делчево.

Целта беше подигнување на јавната свест за опасностите од трговијата со луѓе и едукација на младите за препознавање и заштита од овој сериозен општествен проблем. ![]()
![]()













































