
ЕДУКАЦИИ ЗА ЗЕЛЕН ВОЛОНТЕРИЗАМ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Едукации за Зелен Волонтеризам во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица ![]()

Од страна на обучените едукатори за Зелен волонтеризам деновиве се реализираат едукативни и интерактивни работилници со учениците од прво до петто одделение, посветени на темата зелен волонтеризам и важноста од зачувување на животната средина.

Учениците преку игра, дискусија и практични примери учат како секојдневно можат да придонесат за почиста и поздрава околина – преку рециклирање, намалување на отпадот и грижа за природата.

Горди сме на нивниот интерес, ентузијазам и желба да станат млади чувари на природата! ![]()
![]()
Продолжуваме со активности кои ги поттикнуваат децата да градат позитивни навики и да волонтираат за подобро утре.











































