
јуни 24, 2025
ДРУЖБА СО ЛИЦАТА ОД ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ВО ДЕЛЧЕВО
Преку проектот ” Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост” поддржан од Комерцијална банка АД Скопје, денес волонтерите од Клубот на млади заедно со корисниците од Дневниот центар во Делчево реализираа работилница за изработка на миризливи свеќи во различни форми и бои.

Оваа активност помага за поттикнување и изразеност на креативноста кај лицата со попреченост и развој на фината моторика.


