
декември 4, 2025
ДЕКЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ООЦК ДЕЛЧЕВО
Успешно реализирана редовна крводарителска акција за месец Декември со вкупно 107 крвни единици, кои ќе значат нова надеж и спас за многу животи!

Денеска во просториите на ООЦК Делчево се одржа декемвриска крводарителска акција, на која хуманоста уште еднаш победи.

Голема благодарност до сите доброволни крводарители кои со својата хуманост и денес покажаа дека дарувањето крв е дарување живот.

Дарувај крв – спаси нечиј живот!













































