
декември 5, 2025
ДЕКЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО МАК. КАМЕНИЦА
Во просториите на Дом на културата во Мак.Каменица денес се реализираше редовна крводарителска акција предвидена за месец Декември.

На денешната крводарителска акција беа собрани 57 крвни единици, кои ќе значат нова надеж и спас за многу животи!

Голема благодарност до сите доброволни крводарители кои со својата хуманост и денес покажаа дека дарувањето крв е дарување живот.

Дарувај крв – спаси нечиј живот!












































