март 5, 2025

80 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ

🗓На ден 03.03.2025 год. (понеделник) во просториите на конгресната сала на СОУ “Методи Митевски Брицо” се одбележа јубилејното постоење на ЦКРСМ, под мотото: “Ние гледаме луѓе”!

📽На свечениот настан преку историски видео материјал на кратко беше претставена работата на Црвениот крст низ годините, на локално и национално ниво, дејствувањето на Црвениот крст во мирни времиња, но и во времиња на катастрофи.

⚪️ Целиот настан беше воден од страна на Biljana Petrovska

🔴 До присутните гости се обратија и претседателката на ООЦК Делчево Билјана Георгиевска и претседателот на ЦРКСМ, Ромел Велев, кој воедно и ги додели плакетите за соработка со општина Делчево и општина Македонска Каменица, на претставници од двете општини.

⚪️ Беше споделено и искуството од страна на Координаторот на млади Ангела Петровска, долгодишен волонтер во ЦК – Сара Ангелова, крводарител кој има дарувано крв 150 пати- Бранко Тричковски и пожарникарот Миле Тодоровски кој сподели за искуството во соработкатата со ЦК

🔴 Од страна на локален музичар Иван Тренчевски беше отпеана и песната снимена за ПХВ проектот пред 4 години.

⚪️ После свечениот настан беше спроведен и мини коктел, огромна благодарност до тимот на Meana Dve Lipi, кој се погрижи за овој дел од настанот.

🔴Благодарност и до сите присутни, гости што беа дел од овој настан и заедно со нас го прославија јубилејното постоење на Црвениот крст

🔴⚪️80 години ние гледаме луѓе, ќе продолжиме да гледаме и во иднина

Нека ни е честит јубилејот, да се множат годините и да се проширува движењето уште повеќе⚪️🔴

< врати се назад