
8 МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЦК И ЦП
8 Мај – Светски Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, роденденот на Анри Динан, основоположник на нашето движење.
На овој ден, националните друштва ширум светот ја подигаат свеста за значењето на основните принципи, мисијата и визијата на организацијата, додека истовремено оддаваат признание и благодарност на волонтерите, партнерите и поддржувачите за нивната несебична поддршка.
Светскиот Ден го одбележуваме под мотото: “На страната на хуманоста”, со посебен акцент на принципот “хуманост” кој претставува темел на севкупната хуманитарна работа и овозможува реализирање на останатите принципи.
Во прилог следуваат видеа од спроведениот предизвик.
Огромна благодарност до музичарот Иван Тренчевски за поддршката и одвоеното време.