
26 МАРТ-СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЕПИЛЕПИЈА
Уште наречен и виолетов ден, бидејки заштитен знак на ова невролошко нарушување е виолетовата боја и панделка

Со цел подигнување на свеста за епилепсијата и начините за спречување на стигматизацијата на луѓето кои живеат со оваа болест од страна на д-р Билјана Георгиевска, претседател на Општинската организација на Црвен крст за прв пат се одржаа едукативни предавања во двете основни училишта во Делчево за учениците од 5 — 9 одделение со цел подигање на свеста за важноста и начинот на реагирање при напад на епилепсија.

На предавањето беше објаснето подетално за нарушувањето од каде потекнува, на кој начин се препознава, кога може да се појави епилептичен напад и како да се даде прва помош при тоа.

Епилепсијата зема голем замав во целиот свет, повеќе од 60 милиони луѓе боледуваат од оваа болест,а над 15 милиони од нив се деца со наразлична возраст.

Покрај ученици на предавањата присуствуваа и дел од наставниците. Особено сме задоволни што имаше голем интерес од страна на слушателите. Навремената превенција и поголемата едукација и знаење спасуваат животи.
